УТРО.мк

Захарова со закана: Ќе ја нападнеме секоја земја која и помага на Украина

Захарова со закана: Ќе ја нападнеме секоја земја која и помага на Украина
Vero

Москва со остра порака: Ќе возвратиме ако се користат западни ракети против Русија

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, упати сериозно предупредување дека Русија го задржува правото да одговори со употреба на оружје против држави кои ѝ дозволуваат на Украина да користи далекусежни ракети на руска територија.

„Ако конфликтот продолжи да ескалира, ќе реагираме решително“, изјави Захарова на прес-конференција, пренесе агенцијата „Риа Новости“.

Таа подвлече дека овие напади не се изведуваат самостојно од украинските сили, туку со директно учество на западни воени експерти од државите производители на ракетните системи.

Германија беше посебно спомната како пример, при што Захарова тврдеше дека германски воен персонал учествува во планирање и изведување на напади со системи од типот „Бак“ и нивни модификации.

„Тоа значи дека германски воени лица би биле директно вклучени во напади врз Русија“, предупреди Захарова.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран