
Руското Министерство за внатрешни работи објави видео од експлозија на возило на сообраќајната полиција во Москва, при што во нападот загинаа еден полицаец и напаѓачот.
Според официјалните информации, станува збор за 22-годишен маж од Удмуртија, кој носел експлозивна направа на себе. Тој им се приближил на полицајците, по што ја активирал експлозивната направа.
Објавената снимка го прикажува местото на настанот и последиците од експлозијата, но самиот момент на детонацијата не е вклучен во видеото.
Руските власти соопштија дека се работи на утврдување на мотивите за нападот, како и на евентуалните контакти и позадината на напаѓачот.
Засега нема информации за други повредени лица.
Безбедносните служби го засилија присуството во делови од Москва по инцидентот, додека истрагата продолжува.























