УТРО.мк

(ВИДЕО) Мотоцикл висеше на семафор по страшен судир во Канада: Очевидци во шок од сцената на раскрсницата

(ВИДЕО) Мотоцикл висеше на семафор по страшен судир во Канада: Очевидци во шок од сцената на раскрсницата
Vero

Несекојдневна сообраќајна несреќа ја шокираше Канада, откако мотоцикл по силен судир со автомобил завршил висејќи на надземен семафор.


Инцидентот се случил на прометниот пат „Скот Роуд“ на границата меѓу градовите Делта и Сари, во канадската провинција Британска Колумбија. Според локалните информации, по жестокиот удар меѓу автомобил и мотоцикл, моторот буквално бил исфрлен високо во воздух и останал заглавен на конструкцијата на семафорот над раскрсницата.


Фотографиите од местото на несреќата брзо се проширија на социјалните мрежи и предизвикаа неверување кај јавноста, а очевидци велат дека сцената изгледала „како од акционен филм“.
Полицијата во Делта соопштила дека мотоциклистот се здобил со сериозни повреди, но за среќа бил пренесен во болница во стабилна состојба и надвор од животна опасност. Возачот на автомобилот поминал без повреди.


Поради несреќата, сообраќајот на раскрсницата бил целосно прекинат додека екипите на итната служба и полицијата вршеле увид и го отстранувале мотоциклот од семафорската конструкција.

ВИДЕО ОД МОМЕНТОТ НА НЕСРЕЌАТА


Надлежните институции продолжуваат со истрагата за причините што довеле до силниот судир.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран