
Необичен и комичен момент во живо ја насмеа Аргентина, откако водителите на телевизиска емисија посветена на НЛО и вонземјани по грешка поканиле уролог наместо уфолог за експертска анализа.
Во текот на емисијата, водителите сериозно му поставувале прашања на гостинoт за неговото „искуство со вонземјани“, па дури и го прашале каде студирал и како стекнал толку големо знаење за НЛО-феномените.
Ситуацијата станала уште понеобична кога збунетиот доктор морал да ги прекине и да им објасни дека станало збор за големо недоразбирање.
„Јас сум уролог, не уфолог. Звучи слично, но не е исто“, им одговорил лекарот во живо пред камерите.
Краткиот исечок од емисијата експресно се прошири на социјалните мрежи, каде корисниците масовно ја коментираа урнебесната грешка на телевизијата. Многумина се шегуваа дека водителите „барале вонземјани, а добиле специјалист за сосема друга област“.
Видеото за само неколку часа собра огромен број прегледи и реакции, а сцената веќе се нарекува една од најсмешните телевизиски грешки годинава во Аргентина.
















