УТРО.мк

Трамп: Падна најактивниот терорист во светот

Трамп: Падна најактивниот терорист во светот
Vero

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека американските и нигериските сили спровеле успешна операција во која бил убиен висок командант на Исламска држава во Нигерија.

Во објава на платформата Truth Social, Трамп соопшти дека акцијата била изведена „по негова команда“ и ја опиша како „внимателно испланирана и многу сложена мисија“.

Според него, во операцијата бил убиен Абу-Билал ал-Минуки, кого го нарече „вториот човек во командниот ланец на ИСИС на глобално ниво“.

„Тој повеќе нема да ги тероризира луѓето од Африка ниту да помага во планирањето операции против Американците“, напиша Трамп.

Американскиот претседател потсети дека ова не е прва акција насочена против милитанти на ИСИС во Нигерија. Во декември минатата година, тој најави „силен и смртоносен удар“ против екстремистите во северозападниот дел на земјата, обвинувајќи ги за напади врз христијанското население.

Според CNN, засега нема дополнителни детали за точната локација на операцијата ниту за бројот на вклучени сили.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран