
Велика Британија и Германија остро ги осудија најновите руски напади врз Украина, при што изразија силна поддршка за Киев и солидарност со Полска и Романија по неодамнешните инциденти со нарушување на воздушниот простор на НАТО.
Британскиот министер за надворешни работи, Ед Милибанд, изјави дека е потресен од последиците од нападите, во кои, според првичните информации, загинале најмалку осум лица, меѓу кои и деца.
„Моите мисли се со семејствата на жртвите и со целиот украински народ. Велика Британија стои цврсто со Украина, како и со Полска и Романија по повеќекратните нарушувања на воздушниот простор на НАТО“, порача Милибанд преку платформата X.
Германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул, оцени дека смртоносните руски напади, како и неодамнешните инциденти со нарушување на воздушниот простор на Полска и Романија, потврдуваат дека Русија останува најголемата закана за европската безбедност.
„Цврсто стоиме со Украина и со нашите партнери во Европската Унија и НАТО“, изјави Вадефул.
Осуда за нападите упати и Емануел Макрон, кој ги критикуваше руските акции против Украина и инцидентите поврзани со воздушниот простор на Полска. Реакции пристигнаа и од Унгарија.

















