УТРО.мк

Тоневски: Со засилено темпо се реконструира улицата „Јаким Стојковски“, следна е „Никола Карев“

Тоневски: Со засилено темпо се реконструира улицата „Јаким Стојковски“, следна е „Никола Карев“
Vero

Реконструкцијата на дел од улицата „Јаким Стојковски“ во Пробиштип се одвива со засилено темпо, информира градоначалникот Тони Тоневски.

Според него, деновиве е поставен нов асфалтен слој на поголемиот дел од предвидената делница, која е со вкупна должина од 400 метри. По завршувањето на активностите за решавање на канализационата мрежа, ќе следува поставување на уште два нови слоја асфалт и на преостанатиот дел од улицата, со што значително ќе се подобрат условите за сообраќај и безбедноста на сите учесници.

За реализација на проектот се обезбедени околу 11 милиони денари, средства финансирани од Светска банка преку Министерството за транспорт.

Тоневски најави дека по завршувањето на градежните активности на улицата „Јаким Стојковски“, Општина Пробиштип ќе продолжи со реконструкција на дел од улицата „Никола Карев“, како дел од планираните инфраструктурни инвестиции во општината.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin