
Општина Битола организира бесплатен автобуски превоз за граѓаните кои сакаат да присуствуваат на 55-та Семакедонска средба, која ќе се одржи во недела, на 2 август, кај црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во село Трново.
Од Општината информираат дека превозот е обезбеден од повеќе населени места и градски пунктови, со враќање во 13:00 часот.
Распоредот на автобусите е следниот:
Автобус број 1:
09:15 ч. – Кукуречани пред продавници
09:30 ч. – Горно Оризари (Стадион)
Автобус број 2:
09:15 ч. – с. Бистрица (село)
09:30 ч. – Буковски Ливади (Постојка)
Автобуси број 3 и 4:
09:10 ч. – Ат Пазар (пост)
09:20 ч. – Карпош (Св. Тома постојка)
09:30 ч. – Ракометно (Пост)
09:40 ч. – Симпо (Пост)
09:50 ч. – Болница (пост)
10:00 ч. – Довлеџик пред Јосифов (постојка)
Автобуси број 5 и 6:
09:10 ч. – Бела Чешма
09:20 ч. – Шехерезада (постојка)
09:30 ч. – Црн Мост
09:40 ч. – Веро (Постојка)
09:50 ч. – Маркет Ангела (Брусничка)
Од Општина Битола ги покануваат сите заинтересирани граѓани навремено да пристигнат на појдовните постојки и заеднички да бидат дел од традиционалната Семакедонска средба во Трново.

















