УТРО.мк

Илјадници мигранти ја пробија границата на Сеута, Шпанија прогласи аларм

Илјадници мигранти ја пробија границата на Сеута, Шпанија прогласи аларм
Vero

Илјадници мигранти пристигнаа на територијата на шпанската енклава Сеута откако успеале да ја пробијат полициската контрола и да ја преминат границата од мароканска страна, соопштија шпанските власти.

Според информациите на шпанските медиуми, меѓу 2.000 и 3.000 лица влегле во Сеута преку морскиот насип Тарахал, а дел од нив ја преминале границата со прескокнување на оградите. Цивилната гарда соопшти дека мигрантите пристигнувале во голем број по морски пат.

Ситуацијата предизвика сериозна загриженост кај локалните власти. Претседателот на автономната област Сеута, Хуан Хесус Вивас, побара од шпанската влада прогласување вонредна состојба и распоредување на војската за обезбедување на границата.

Сеута и Мелиља се единствените копнени граници на Европската Унија со Африка и со години се меѓу најчестите точки за обиди за нелегално преминување кон Европа.

Активисти за правата на мигрантите велат дека најновиот бран потсетува на кризата од 2021 година, кога околу 10.000 луѓе влегоа во Сеута за неколку дена.

Шпанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека е во контакт со мароканските власти и дека се работи на спречување на нелегалните преминувања, обвинувајќи ги криминалните мрежи за криумчарење луѓе дека ја искористуваат ситуацијата.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin