УТРО.мк

Севернокорејско оружје во рацете на Русија? Зеленски откри детали за нападот

Севернокорејско оружје во рацете на Русија? Зеленски откри детали за нападот
Vero

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека прелиминарните анализи покажуваат оти Русија употребила балистичка ракета произведена во Северна Кореја во напад врз селото Радушне во Дњепропетровскиот регион.

Според Зеленски, станува збор за прва употреба на севернокорејска ракета од страна на руските сили по подолг период, но нагласи дека податоците сè уште се анализираат и дополнително ќе бидат потврдени.

„Сè укажува дека станува збор за севернокорејска балистичка ракета“, изјави украинскиот претседател преку Телеграм.

По нападите, украинските власти продолжија со санација на последиците во повеќе градови. Зеленски посочи дека во Лавов трае расчистување на урнатините и потрага по евентуални жртви.

Тој истовремено ги повика западните партнери да обезбедат дополнителни системи за воздушна одбрана, оценувајќи дека тие се клучни за заштита на цивилното население.

„Патриот“, „Насамс“, „Ирис“, „Хок“ и другите системи за воздушна одбрана се наш приоритет. Од нив зависи спасувањето човечки животи“, порача Зеленски.

Тој додаде дека европските земји остро реагирале и на инцидентот со руска ракета која, според неговите тврдења, навлегла во полскиот воздушен простор и експлодирала во близина на Лублин.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin