УТРО.мк

Европа во канџите на нов топлотен бран

Европа во канџите на нов топлотен бран
Vero

Европа се соочува со зголемена опасност од големи шумски пожари поради топлотниот бран, високите температури и сушата кои ги создаваат идеалните услови за ширење на огнот, предупреди Центарот за координација на итни интервенции (ЕЦЦР) на Европската Унија.

Шефицата на ЕЦЦР, Марија Цубер, изјави дека најголем ризик во следниот период имаат Грција, Италија и делови од Централна Европа, додека Франција веќе се соочува со исклучително тешки услови поради активни пожари.

„Следните неколку дена ќе бидат многу тешки во Франција, но и другите земји треба да бидат подготвени за можни катастрофи“, предупреди Цубер.

Таа посочи дека ризикот од пожари постепено се проширува кон Грција и Централна Европа, а доколку пожарите во Португалија и Шпанија не бидат ставени под контрола, последиците би можеле да бидат сериозни за целиот континент.

Според проценките на европските служби, сезоната на пожари во 2026 година би можела да биде една од најтешките досега и да го надмине рекордот од претходната година, кога низ Европа изгореле повеќе од еден милион хектари земјиште.

Експертите објаснуваат дека обилните врнежи во текот на зимата и пролетта довеле до зголемен раст на вегетацијата, која со летните горештини се претвора во лесно запалливо гориво.

ЕЦЦР веќе започна со координација на европската помош за земјите погодени од пожарите. Во Франција се испратени противпожарни авиони и хеликоптери, додека Шпанија доби поддршка со воздушни и копнени тимови за гасење на огнот.

Иако дел од европските ресурси се веќе ангажирани, Цубер информира дека дополнителни авиони остануваат подготвени во Источна и Централна Европа поради зголемениот ризик од нови шумски пожари.

Надлежните предупредуваат дека комбинацијата од екстремни температури, суша и силни ветрови може да создаде услови за брзо ширење на пожарите и апелираат граѓаните да бидат особено внимателни во ризичните подрачја.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin