Украинските вооружени сили тврдат дека со ракетен систем ХИМАРС извршиле прецизен напад врз руски воен конвој кај градот Макеевка во источниот дел на Донецката област, предизвикувајќи голем број жртви. Според украински извори, погодени биле камиони и автобуси кои превезувале руски војници, а нападот бил координиран со разузнавачки служби кои го следеле движењето на колоната.
На социјалните мрежи се појавија снимки и фотографии од местото на настанот, кои ги објавија и самите руски војници. Тие покажуваат уништен автобус, оштетени воени камиони и остатоци од касетна муниција, што ги доведува во прашање тврдењата на руските власти дека целта биле цивили.
Градот Макеевка, кој се наоѓа источно од Донецк, подолго време служи како клучна логистичка точка на руските сили во окупираниот дел на Донбас. Употребата на американските ХИМАРС системи, комбинирани со касетна муниција, повторно се покажа како ефикасна тактика против масовни воени цели.