УТРО.мк

Украинските министри во Давос: За одбраната се потребни до 700 милијарди долари

Украинските министри во Давос: За одбраната се потребни до 700 милијарди долари
Vero

На Украина ќе ѝ бидат потребни меѓу 500 и 700 милијарди долари за одржување на армијата во следните десет години, изјавија двајца украински министри на Светскиот економски форум во Давос, пренесе ДПА.

Украинскиот вицепремиер задолжен за интеграција во ЕУ и НАТО, Тарас Качка, истакна дека доколку не се промени агресивното однесување на Русија кон Европа и светот, вкупните трошоци за одбраната би можеле да достигнат и до 700 милијарди долари.

Министерот за економија Олексиј Соболев појасни дека станува збор за одбранбени трошоци кои не се опфатени во редовниот украински буџет и дека за нив ќе бидат потребни дополнителни извори на финансирање. Според неговите проценки, буџетските трошоци за одбраната на Украина во наредната деценија изнесуваат околу 500 милијарди долари.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран