
Голем пожар избувна вечерва околу 21 часот на Савскиот насип во Нов Белград, при што целосно изгоре познат сплав кој претходно бил извлечен на брегот. Огнените јазици биле видливи од повеќе делови на градот, а на местото веднаш интервенирале пожарникарските екипи.
Според неофицијални информации, огнот брзо се проширил по објектот, додека силниот ветер дополнително го отежнувал гаснењето и ја зголемувал опасноста пожарот да се прошири и на други објекти во близина.
Пожарникарите со часови се бореле со пламенот за да го локализираат пожарот. Очевидци кои се нашле во близина изјавиле дека за време на пожарот се слушнале и три до четири детонации.























