УТРО.мк

Избран е најлошиот филм за 2026 на 46-то доделување на Златните малини

Избран е најлошиот филм за 2026 на 46-то доделување на Златните малини
Vero

Холивуд се покажа со доза на самоиронија на 46-то доделување на наградите „Златна малина“, кои се доделуваат за најлоши филмови и глумачки изведби во тековната година. Главниот „победник“ за 2025 година е филмот „Војна на световите“ со Ајс Кјуб, кој освои дури пет од шест номинации, вклучувајќи ја наградата за најлош филм.

Покрај најлош филм, „Војна на световите“ ја освои Златната малина за најлош глумец (Ајс Кјуб), најлош режисер (Рич Ли), најлош римејк или продолжение и најлошо сценарио. Организаторите го опишаа филмот како наслов кој веднаш стана „култен хит на омразата“, истакнувајќи дека класичниот роман на Х. Г. Велс бил „уништен“ од бизарни трикови и комична изведба на главниот актер.

Други филмови што беа на удар се новата верзија на „Снежана“, која освои две Златни малини за најлош спореден глумец и најлош филмски пар, како и „Bride Hard“ и „Gunslingers“, каде Ребел Вилсон и Скарлет Роуз Сталоне беа прогласени за најлоша актерка и споредна актерка.

На 46-тото доделување, наградата „Златна малина за искупување“ ја доби Кејт Хадсон за беспрекорната изведба во филмот „Song Sung Blue“, за кој беше номинирана и за Оскар.

Членовите на организацијата за доделување на Златните малини, повеќе од 1.200 од сите 50 американски држави и над дваесет други земји, гласаа онлајн за најлошите филмови, актери, режисери и сценарија во тековната година.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран