УТРО.мк

Електрификацијата го менува европскиот пазар: Еден од пет продадени автомобили е електричен

Електрификацијата го менува европскиот пазар: Еден од пет продадени автомобили е електричен
Vero

Продажбата на автомобили во Европската Унија во јануари 2026 година повторно забележа пад, со вкупно 799.625 новорегистрирани возила, што е за 3,9 проценти помалку во однос на истиот период лани. Добри вести доаѓаат од сегментот на електрифицирани возила, каде растот продолжува да ја менува структурата на пазарот.

Чисто електричните автомобили (БЕВ) забележаа 154.230 нови регистрации, односно 19,3 проценти од вкупниот пазар, со раст од 24,2 проценти споредено со јануари 2025 година. Приклучните хибриди имаа 78.741 регистрација и удел од 9,8 проценти, со раст од 28,7 проценти.

Во целина, електрифицираните возила – вклучувајќи ги хибридите и благите хибриди – достигнаа 38,6 проценти од пазарот, со 308.364 продадени возила. Во меѓувреме, традиционалните бензински и дизел мотори продолжуваат да губат удел: бензинците сега имаат 22 проценти, а дизелите само 8,1 процент од пазарот, за разлика од 39,5 проценти минатата година.

Регионално, Франција и Германија забележаа силен раст на продажбата на чисто електрични автомобили (+52,1%, односно +23,8%), додека Белгија и Холандија пријавија пад. Побарувачката за хибриди најмногу се зголеми во Италија (+29,4%) и Шпанија (+9%), додека во Германија бележи мал пад (-1,8%).

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран