
Денеска, на 14 март 2026 година во 15:20 часот, екипа на ТППЕ Струмица интервенираше во село Градашорци за гаснење на запалена куќа.
Со две противпожарни возила и седум пожарникари-спасители, пожарот беше целосно изгаснат до 16:00 часот. Иако нема пријавени повреди, причинета е голема материјална штета.
Пожарникарите нагласуваат дека се преземени сите мерки за целосно обезбедување на теренот и спречување на понатамошно ширење на огнот.























