
Еквадор стана клучна точка за шверц на кокаин од Балканот, по апсењето на еден од најмоќните српски нарко-босови, познат како „српски Ескобар“. Судот во таа земја конфискува целиот имот на осудениот С.Ј. и неговата сопруга А. Ф., вреден повеќе милиони евра, вклучувајќи компании, недвижности, луксузни автомобили и готовина пронајдена при апсењето на 24 ноември 2024 година.
С.Ј. беше осуден на 10 години затвор за перење 11 милиони евра, додека неговите соработници, меѓу кои Б.Ј., беа приведени во Србија поради сомнеж за учество во организирана криминална група. Истражителите наведуваат дека групата од 2019 до 2024 година сокрила и легализирала најмалку 968.880 евра од шверц на кокаин од Еквадор кон Европа и Србија. Парите, според истрагата, биле чувани во банкарски сефови во Белград и искористени за купување недвижнини во Србија и Австрија.
Еквадор денес се смета за „нова Колумбија“ во трговијата со кокаин, поради својата стратешка локација меѓу Колумбија и Перу, благи закони, лесен пристап и важни пристаништа, особено Гвајакил, преку кои дрогата се транспортира кон Европа и САД. Често кокаинот се крие во контејнери со банани или замрзната овошна пулпа, што овозможува побрзо и помалку контролирано транспортно преминување.
Историјата на С.Ј. во Еквадор е насилна – првпат беше уапсен во 2014 година за шверц на 153 килограми кокаин, со пресуда на повеќе од 17 години затвор, која подоцна беше намалена. Насилството поврзано со српските криминални групи оставило жртви и меѓу граѓаните на Србија, како во случајот со Саша Спасиќ од Ниш, убиен во јули 2020 година во Еквадор.























