
Иранската армија денес упати официјално предупредување до жителите на Обединетите Арапски Емирати, наведувајќи дека пристаништата во земјата ги смета за оправдана цел. Во соопштението, Централната команда Хатам ал Анбија ги повика локалните жители да се дистанцираат од пристаништата, доковите и складиштата каде што се наоѓаат американски сили.
„Ги известуваме лидерите на Емиратите дека Исламската Република Иран има право да го штити својот национален суверенитет и територија преку ракетни удари врз американските непријатели присутни во овие објекти“, се наведува во соопштението, кое беше емитувано на државната телевизија.























