УТРО.мк

Трамп: САД имаат најдобри дронови, не ни е потребна помош од Украина

Трамп: САД имаат најдобри дронови, не ни е потребна помош од Украина
Vero

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека на Соединетите Американски Држави не им е потребна помош од Украина во справувањето со иранските дронови „Шахед“.

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, на 5 март најави дека Украина е подготвена да испрати експерти во САД со искуство во борбата против овие беспилотни летала, но Трамп истакна дека американските капацитети се доволни.

„Сами го решаваме проблемот. Знаеме повеќе за дронови од кој било друг. Всушност, ги имаме најдобрите дронови во светот“, изјави Трамп во интервју за телевизијата Фокс њуз.

Изјавата доаѓа по ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток, откако Израел и САД извршија напади врз цели во Иран во рамки на воената операција „Епски бес“.

Во нападите, според извештаите, беа убиени врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, како и поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран