УТРО.мк

Трамп воведува мерки против исплати на починати лица, се очекуваат милионски заштеди

Трамп воведува мерки против исплати на починати лица, се очекуваат милионски заштеди
Vero

Американските федерални агенции со години се соочуваат со значителни финансиски загуби поради погрешни исплати, вклучително и исплати кон починати лица. Причините најчесто се поврзуваат со недоволна размена на податоци меѓу институциите и слабости во контролниот систем.

Со цел да се спречи оваа појава, сенаторот Џон Кенеди во јануари 2025 година предложи закон кој предвидува постојана и координирана размена на податоци за починати лица меѓу државните институции. Законот беше усвоен од Конгресот и на 10 февруари беше потпишан од американскиот претседател Доналд Трамп.

Согласно новите правила, Администрација за социјално осигурување ќе биде обврзана континуирано да ги споделува податоците за починати лица со Министерство за финансии на САД преку системот „Не плаќај“. Се очекува оваа мерка да донесе заштеди од околу 33 милиони долари годишно.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран