УТРО.мк

Трамп се заканува: Сите ќе ве иселам

Трамп се заканува: Сите ќе ве иселам
Vero

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во неделата најави дека ќе ги исели бездомниците од главниот град и ќе ги затвори криминалците, и покрај тврдењата на градоначалничката на Вашингтон, Мјуриел Баузер, дека во моментот нема зголемување на криминалот.

„Бездомниците мора веднаш да се иселат. Ќе им обезбедиме сместување, но надвор од главниот град. Криминалците не мора да се иселуваат — ние ќе ве сместиме во затвор каде што припаѓате“, напиша Трамп на платформата Truth Social.

Во објавата тој сподели фотографии од шаторите и улиците во Вашингтон, проследени со слики од отпадоци.

„Ќе ја направам нашата престолнина побезбедна и поубава отколку некогаш порано“, потенцираше претседателот на САД.

Белата куќа засега не ги објаснува правните основи на кои Трамп би можел да ја изврши преселбата на луѓето од Вашингтон, пренесува агенцијата Ројтерс.

Според информациите, Трамп има контрола само над федералната област и над зградите во градот.

Организацијата „Community Partnership“, која работи на намалување на бројот на бездомници во Вашингтон, наведува дека секоја ноќ во градот со околу 700.000 жители престојуваат околу 3.782 лица без дом.

Повеќето од нив се сместени во засолништа или привремени домови, додека се проценува дека околу 800 лица живеат „на улица“, наведува организацијата.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран