УТРО.мк

Во Кисела Вода поставена нова биста на народниот херој Цветан Димов

Во Кисела Вода поставена нова биста на народниот херој Цветан Димов
Vero

Во општина Кисела Вода денес свечено беше поставена новата биста на народниот херој Цветан Димов, на локација спроти општинскиот објект. Претходното спомен-обележје, кое се наоѓаше во рамките на истоимената урбана заедница, со години беше во лоша состојба поради негрижа и оштетувања.

По барање на жителите, изработена е нова биста, со што, како што истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, на херојот му се оддава заслужено признание, а историската меморија добива повидливо и достојно место. „Со новата биста на Цветан Димов соодветно оддаваме почит кон неговата жртва, но и создадовме услови повеќе луѓе, особено младите, да ја запознаат неговата приказна,“ рече Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека историјата е најсилна кога е пред очите на граѓаните и дека задачата на општината е да ја зачува и пренесе на идните генерации.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран