УТРО.мк

Трамп: Ќе продолжам да се борам за мир во Украина

Трамп: Ќе продолжам да се борам за мир во Украина
Vero

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе продолжи да се залага за мирно решение меѓу Москва и Киев, иако засега не постои простор за директни преговори меѓу Владимир Путин и Володимир Зеленски.

„Нешто ќе се случи, но тие сè уште не се подготвени. Ние имаме намера да го овозможиме тоа“, изјави Трамп за „Си-Би-Ес Њуз“, најавувајќи нови разговори за војната по неуспешната средба со Путин во Алјаска. Денеска се очекува телефонски да разговара со Зеленски.

Путин изрази подготвеност за средба со украинскиот претседател во Москва, но Киев ја отфрли таа можност. Трамп, пак, жали за „масакрот“ и вели дека очекувал полесно да постигне договор со Русија, но ситуацијата се покажала „покомплицирана“.

Тој изрази незадоволство што не може да ги запре борбите што почнаа со руската инвазија во февруари 2022 година, иако пред стапувањето на функцијата најавуваше брз крај на војната.

Коментирајќи ги снимките од заедничкото присуство на Путин, Си Џинпинг и Ким Џонг-ун во Пекинг, Трамп нагласи дека има „добри односи“ со сите нив. „Не се борам за награди, туку за крај на конфликтите“, додаде тој.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран