
По објавата на социјалната мрежа X, претседателот на САД, Доналд Трамп, изрази критика кон европските лидери, меѓу кои францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот политичар Кејр Стармер и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Во својата порака, Трамп наведе дека Европа „пропуштила шанса“ и дека моменталниот европски пристап кон управувањето со кризите, границите и бирократските процеси не дава резултати.
„Додека Европа се дави во бирократија, слаби граници и бесконечни состаноци кои не решаваат ништо, Гренланд стои таму — огромен потенцијал, неверојатна стратешка вредност, целосно неискористен“, порача Трамп.
Тој додаде дека под водство на САД, Гренланд би можел да стане „повторно голем“, со зголемена безбедност, инвестиции, инфраструктура и работни места. „Ние градиме. Ние победуваме. Ние штитиме. Америка не зборува — Америка исполува“, порача Трамп, потенцирајќи дека кога САД водат, Арктикот е силен, безбеден и просперитетен, додека Европа носи „хаос, доцнење и пропаст“.
Трамп ја нагласи улогата на храброто лидерство и потенцијалот на САД да го искористат стратешки важниот регион, со пораката дека „Гренланд заслужува сила, раст и Америка“.



























