УТРО.мк

Во Лос Анџелес вечерва се одржува 98-то доделување на Оскарите: „Sinners“ со рекордни 16 номинации

Во Лос Анџелес вечерва се одржува 98-то доделување на Оскарите: „Sinners“ со рекордни 16 номинации
Vero

Холивуд вечерва ќе биде центар на филмската индустрија, бидејќи во Долби театарот во Лос Анџелес ќе се одржи 98-то доделување на Оскарите, најпрестижната филмска награда во светот. Свеченоста ќе ги награди најдобрите филмови од 2025 година во 24 категории, а водител на настанот повторно ќе биде комичарот Конан О’Брајан.


Овогодинешната церемонија привлекува огромно внимание бидејќи филмот „Sinners“ постави историски рекорд со 16 номинации, најмногу во историјата на Оскарите. Со тоа го надмина претходниот рекорд од 14 номинации што го држеа филмовите „Titanic“, „La La Land“ и „All About Eve“.


Покрај „Sinners“, меѓу главните фаворити за наградите се и филмовите:
„One Battle After Another“ со 13 номинации
„Frankenstein“, „Hamnet“ и „Marty Supreme“, кои исто така имаат голем број номинации.


Во категоријата најдобар филм оваа година се натпреваруваат десет филмови, што ја прави трката една од најнеизвесните во последните години.
Новитет на Оскарите
На 98-та церемонија се воведува и нова категорија – „Најдобар кастинг“, со што вкупниот број натпреварувачки категории се искачува на 24.


Холивуд го очекува најголемиот филмски спектакл,
Оскарите традиционално се сметаат за најзначајниот настан во филмската индустрија, каде се собираат најголемите светски ѕвезди, режисери и продуценти. Церемонијата ќе се емитува во живо на телевизијата ABC, а ќе биде достапна и преку стриминг платформата Hulu.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран