УТРО.мк

Сите системски пропусти за трагедијата во Тафталиџе: обвинение за семејно насилство и наведување на самоубиство за насилникот

Сите системски пропусти за трагедијата во Тафталиџе: обвинение за семејно насилство и наведување на самоубиство за насилникот
Vero

Трагедијата во скопската населба Тафталиџе, во која животот го загубија Ивана Јовановска и нејзината шестгодишна ќерка Катја, отвори сериозна дебата за можните системски пропусти во институциите и нивната реакција на пријавите за семејно насилство.


Според информациите од Основното јавно обвинителство Скопје, поднесено е обвинение против Стојанче Јовановски за три кривични дела:


Телесна повреда како продолжено дело на семејно насилство,


Загрозување на сигурноста,


Наведување на самоубиство.


Според истрагата, на 2 март 2026 година, по серија физички напади на повеќе локации во Скопје, меѓу кои и на паркингот зад Основниот кривичен суд Скопје, Ивана Јовановска и нејзината ќерка Катја го загубиле животот скокајќи од тераса на шестиот кат од станбена зграда во Тафталиџе.


Обвинителството наведува дека Јовановски со години систематски ја малтретирал сопругата, користејќи ја и нејзината економска зависност како средство за контрола. Особено значаен момент во ескалацијата на насилството бил ноември 2022 година, кога обвинетиот го презел станот преку договор за дар.


Според истрагата, откако Ивана Јовановска му го пренела својот идеален дел од станот, обвинетиот ја искористил таа правна позиција за да воспостави целосна доминација.
Во обвинението се наведува дека ваквата економска експлоатација овозможила жртвата да биде во постојан страв од иселување, омаловажување и физичко насилство пред малолетната Катја,
ескалација на насилството во текот на 2025 година, што довело до целосна психолошка безнадежност кај жртвата.


По трагедијата, вниманието на јавноста се насочи и кон институциите кои претходно постапувале по пријавите за семејно насилство.
Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција отвори постапки за проверка на работата на:


Центарот за социјални работи Скопје, кој постапувал во постапката за развод,


Министерството за внатрешни работи, во однос на претходните пријави за насилство,


Државниот просветен инспекторат, кој врши вонреден надзор во основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“.

За да се утврди дали стручните служби реагирале навремено на сигналите за семејни проблеми.
Обвинителството смета дека Стојанче Јовановски свесно ја довел Ивана Јовановска во состојба на тешка психичка вознемиреност.


На денот на трагедијата, и покрај обидите на сведок да го спречи насилството, психолошкиот притисок бил толку силен што жртвата ја изгубила способноста за рационално расудување, што според обвинението директно довело до фаталниот исход.


Судска постапка
Во меѓувреме, Основниот кривичен суд Скопје одлучува по барањето за продолжување на притворот за Јовановски, поради опасност од бегство и можност за повторување на кривичните дела.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран