УТРО.мк

Речиси 30% од македонските купувачи имале проблеми со онлајн нарачки

Речиси 30% од македонските купувачи имале проблеми со онлајн нарачки
Vero

Сè поголем број граѓани купуваат преку интернет, но дел од нив се соочуваат со проблеми при онлајн нарачките. Според најновото истражување на Евростат за 2025 година, околу 29,4% од македонските купувачи пријавиле проблеми при онлајн шопинг, што сепак е помалку од просекот во Европската Унија.


Истражувањето покажува дека на ниво на Европската Унија, дури 35,4% од корисниците имале одредени тешкотии при купување преку веб-страници или мобилни апликации.


Каде се најголемите проблеми во Европа
Меѓу земјите на ЕУ, најголем процент на купувачи кои се соочиле со проблеми е регистриран во:
Малта – 64%,
Холандија – 57,9%,
Луксембург – 51,4%.


Од друга страна, најмалку проблеми имале онлајн купувачите во:
Португалија – 4,5%,
Грција – 10,6%,
Летонија – 13,3%.


Според резултатите од истражувањето, најчестите проблеми се поврзани со испораката и функционирањето на онлајн платформите.
Најчести поплаки се:
доцнење на испораката на производите – проблем што го пријавиле 19,9% од купувачите,
тешко користење или проблеми со веб-страниците и апликациите – 11,5%,
испорака на погрешни или оштетени производи – 10,4%.


Расте онлајн трговијата, но и предизвиците
И покрај овие проблеми, онлајн купувањето продолжува да расте, а сè повеќе граѓани ги користат интернет-продавниците за купување на различни производи и услуги.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран