
Јеменското бунтовничко движење Ансар Алах, познато како Хути, предупреди дека би можело да го блокира стратешкиот теснец Баб ел-Мандеб во Црвеното Море како поддршка на Иран.
Изјавата ја дал претставник на вооружените сили на движењето, Абед ал-Саур, кој истакнал дека бунтовниците имаат капацитет да го ограничат поморскиот сообраќај во овој важен морски премин.
Според неговите зборови, во случај на ескалација на конфликтот, комерцијални бродови и воени пловила – вклучително и носачи на авиони – кои се движат кон САД би можеле да бидат запрени.
Теснецот Баб ел-Мандеб се наоѓа меѓу Јемен и Џибути и претставува една од најважните поморски рути во светот, бидејќи преку него минува значителен дел од трговијата меѓу Европа, Азија и Блискиот Исток.
Експертите предупредуваат дека евентуална блокада на оваа поморска рута би можела да предизвика сериозни нарушувања во глобалната трговија и транспортот на нафта, бидејќи голем број танкери и товарни бродови ја користат оваа маршрута на пат кон Суецкиот канал.























