
Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи привеле 13 возачи поради безобѕирно управување со моторно возило во контроли спроведени на територијата на целата држава.
Според информациите на МВР, девет од приведените управувале возило без возачка дозвола, а меѓу нив имало и двајца малолетници, кои биле затекнати како возат во Скопје и Тетово.
Покрај тоа, тројца возачи биле лишени од слобода затоа што управувале возило под дејство на алкохол – двајца во Прилеп и еден во Гевгелија.
Во Кичево, пак, полицијата привела и возач кој управувал автомобил и покрај тоа што имал активна забрана за управување со моторно возило.
Во текот на контролите било утврдено дека по еден возач без возачка дозвола бил затекнат во Гостивар, Велес, Кочани, Прилеп, Ресен, Битола, Тетово, Скопје и Свети Николе.























