УТРО.мк

Саудиска Арабија ја предвиде кризата во Ормутскиот теснец уште пред 45 години – Таен нафтовод долг 1.200 км ја спасува светската нафта!

Саудиска Арабија ја предвиде кризата во Ормутскиот теснец уште пред 45 години – Таен нафтовод долг 1.200 км ја спасува светската нафта!
Vero

Саудиска Арабија уште пред повеќе од четири децении направила стратешки потег кој денес се смета за едно од најпаметните енергетски и геополитички решенија во светот. Додека најголемиот дел од глобалниот извоз на нафта зависел од Ормускиот Теснец, Ријад тивко изградил нафтовод долг околу 1.200 километри кој ги поврзува нафтените полиња во Персискиот Залив со пристаништата на Црвеното Море.


Овој нафтовод, познат како East-West Pipeline (Petroline), овозможува саудиската нафта директно да се транспортира до терминалот Јанбу на Црвеното Море, без потреба танкерите да поминуваат низ Ормускиот Теснец – една од најчувствителните точки во светската трговија со енергенси.


Ормускиот Теснец е тесен морски премин меѓу Иран и Оман низ кој минува огромен дел од светската нафта. Се проценува дека околу 20% од глобалната трговија со нафта се транспортира токму преку оваа рута. Па оттука во случај на воен конфликт, блокада или политичка криза, каква што имаме денес затворањето на теснецот значеше сериозен потрес на светските пазари и  предизвика нагло зголемување на цените на нафтата.


Но благодарение на нафтоводот изграден пред повеќе од 45 години, Саудиска Арабија може да ја извезува својата нафта и без да го користи овој теснец, што значително го намалува ризикот за нејзиниот извоз и за глобалните енергетски пазари.


Кога проектот бил планиран во 1970-тите и 1980-тите години, малкумина можеле да претпостават колку ќе стане важен во иднина. Денес, со растечките тензии на Блискиот Исток и честите закани за блокирање на Ормускиот Теснец, оваа инфраструктура се покажува како стратешки безбедносен механизам за глобалната енергетика.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран