УТРО.мк

Млада девојка падна од балкон во Тетово – со тешки повреди пренесена во Скопје

Млада девојка падна од балкон во Тетово – со тешки повреди пренесена во Скопје
Vero

Млада девојка од Тетово се здобила со тешки телесни повреди откако паднала од балкон на станбена зграда во градот. Инцидентот се случил синоќа околу 18:40 часот, а случајот веднаш бил пријавен во полиција.


Според информациите од СВР Тетово, настанот бил пријавен од екипите на Итната медицинска помош, кои први пристигнале на местото и констатирале дека женско лице паднало од балкон.


Поради сериозноста на повредите, 20-годишната девојка била итно транспортирана на понатамошно лекување во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, каде лекарите се борат за нејзината здравствена состојба.


Полицијата извршила увид на местото на несреќата, а истрагата се спроведува по наредба на јавен обвинител. Засега не се соопштуваат дополнителни детали за околностите под кои дошло до падот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран