УТРО.мк

Трамп го испрати „челичниот“ генерал на Карибите – се подготвува ли удар врз Венецуела?

Трамп го испрати „челичниот“ генерал на Карибите – се подготвува ли удар врз Венецуела?
Vero

Највисокиот американски воен офицер, генерал Ден Кејн, е во посета на американските трупи во Порторико и на воен брод во регионот на Карибите, каде што САД распоредуваат голема флота и изведуваат операции против наводни бродови за шверц на дрога, јавува АП.

Кејн е придружуван од високиот советник Дејвид Л. Исо, а посетата има за цел координација со службите и изразување благодарност за поддршката на регионалните мисии. Ова е втора негова посета од засилувањето на американското воено присуство, кое вклучува и најсовремен носач на авиони.

Медиумите истакнуваат дека посетата се случува во моменти кога претседателот Доналд Трамп размислува за потенцијална воена акција против Венецуела во рамки на кампањата за борба против трговијата со дрога. Досега, повеќе од 80 лица се убиени во напади врз 21 брод означен како дел од мрежа за шверц.

Администрацијата на Трамп го прогласи картелот „Де лос Солес“ за странска терористичка организација, што отвора „нови опции“ во пристапот кон претседателот на Венецуела, Николас Мадуро. Сепак, не се соопштуваат конкретни планови. Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека „ништо не е исклучено, но ништо не е автоматски на масата“.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран