УТРО.мк

Прва Скопска ТВ: Уапсени директор и раководители во Агенцијата за стокови резерви, буџетот оштетен за 780.000 евра

Прва Скопска ТВ: Уапсени директор и раководители во Агенцијата за стокови резерви, буџетот оштетен за 780.000 евра
Vero

Утрово полицијата спроведе претреси и апсења на повеќе локации во Скопје, Куманово и Тетово, јавува Прва Скопска ТВ.

Под сомнение за злоупотреба на службена должност и овластување, се приведени поранешни директори во Агенцијата за стокови резерви, еден поранешен заменик министер и едно вешто лице.

Тие се осомничени дека во периодот 2021-2022 година, со неизвршување на службените обврски, направиле отпис на 1.500.000 килограми меркантилна пченица и 500.000 килограми јачмен од државните стокови резерви, со што го оштетиле буџетот за околу 780.000 евра.

Меѓу приведените се: Реси Абдурхами, директор на Агенцијата за стокови резерви, и двајца раководители во агенцијата, Ниметула Рамадани и Тони Кантурски, како и поранешниот заменик министер Трајан Димковски и вештото лице Миле Пешевски.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран