УТРО.мк

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
Vero

Во судницата во Идризово денеска продолжува судењето за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, меѓу нив и деца, а повеќе од 200 беа повредени. На денешното рочиште се очекува обвинетите да се произнесат за вината и да започнат воведните излагања на одбраната. На претходното судење, обвинителството истакна дека ќе бара лична и институционална одговорност за секој што дозволил, премолчел или не спречил да се случи трагедијата.

Обвинителот Борче Јанев во својот воведен говор порача дека општеството мора да се соочи со болната вистина и да добие јасни одговори: кој дозволил клубот да работи, кој не реагирал на опасностите и кој ги игнорирал предупредувањата. Тој нагласи дека се бара правда не како форма на утеха или одмазда, туку како логична последица на системската незаконитост.

„Не е важно само кој го запалил огнот – важно е кој имал кофа вода и не ја истурил“, изјави Јанев, посочувајќи дека трагедијата не произлегла единствено од пиротехниката, туку од години институционален молк, пропусти и целосно отсуство на инспекциски надзор, кои го претвориле клубот во „смртоносна стапица“.

Судењето го води судијката Диана Груевска Илиевска, а предметот го застапуваат 15 јавни обвинители. На првото рочиште, судијката најави дека ќе бара максимална дисциплина од сите страни и дека секое неоправдано одложување ќе биде санкционирано.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран