Во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, полициски екипи утрово изведуваат претреси на повеќе локации во Скопје, Куманово и други градови низ земјата. Акцијата се спроведува поради основано сомнение за кривично дело – злоупотреба на службена должност.
Од Јавното обвинителство најавуваат дека повеќе детали ќе бидат соопштени по завршување на акцијата, која и понатаму е во тек.























