Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Албрим Хоџа учествуваше на отворањето на „Денови на Вардар 2025“, настан што обедини повеќе од 100 претставници од институции, организации и експерти кои дискутираа за современи решенија во земјоделскиот сектор.
Настанот отвори широк простор за соработка меѓу државните институции и научната заедница, со фокус на модерни практики за управување со водите и заштита на екосистемот на Вардар. Според организаторите, ваквиот дијалог е важна основа за креирање одржливи и поефективни политики за иднината на земјоделството.
Од ВЛЕН истакнуваат дека новиот пристап на партијата веќе дава резултати на терен, особено во секторите што со години биле занемарени, а сега добиваат потребно внимание. Работата на заменик-министерот Хоџа е насочена кон модернизација на земјоделството, подобрување на наводнителната инфраструктура и јакнење на руралните политики.
„Ова е модел на владеење кој носи ВРЕДНОСТ – пристап што има за цел конкретни резултати, заштита на природните ресурси и политики кои директно го подобруваат животот на граѓаните“, порачуваат од ВЛЕН.























