УТРО.мк

Кремљ го одбива европскиот мировен план – Москва сака разговор само за „оригиналот“ на Трамп

Кремљ го одбива европскиот мировен план – Москва сака разговор само за „оригиналот“ на Трамп
Vero

По женевските преговори за Украина, од Европа стигна умерен оптимизам, но Москва испрати сосема поинаков сигнал. Кремљ ги оцени европските предлози за измени на американскиот мировен план како „неконструктивни“ и порача дека прифаќа да разговара единствено за оригиналниот документ со 28 точки, предложен од американскиот претседател Доналд Трамп.

Советникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков, изјави дека многу од точките во американскиот нацрт се „прифатливи“ за Русија, но дека сите мора детално да се разгледаат. Според него, европската верзија – изработена од Германија, Франција, Велика Британија и ЕУ – е далеку од прифатлива и Москва засега не добила ништо официјално од Женевските разговори.

Оригиналниот американски план предвидуваше значителни украински територијални отстапки и ограничувања за украинската армија, што предизвика широка меѓународна критика. Украина и европските партнери во Женева се обидоа да ги изменат најспорните точки, особено околу можноста за идно членство на Украина во НАТО и ЕУ. Американскиот државен секретар Марко Рубио потврди дека овие прашања се тргнати од нацрт-планот.

Од Вашингтон соопштуваат дека „неколку спорни точки“ сè уште остануваат, но Трамп верува дека договор е можен и притиска и врз Зеленски и врз Путин. Европските лидери, меѓу кои германскиот канцелар Фридрих Мерц и претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен, го оценија напредокот како значаен, но предупредија дека мирот „нема да дојде преку ноќ“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја поздрави новата рамка и истакна дека бројот на спорни точки е намален. За најчувствителните прашања, нагласи тој, директно ќе разговара со Трамп.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран