УТРО.мк

Трамп: Без ова оружје Украина ќе паднеше за два дена

Трамп: Без ова оружје Украина ќе паднеше за два дена
Vero

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Украина не би можела долго да се брани од руската инвазија без поддршката од САД и американската воена опрема.

Говорејќи пред новинарите во Белата куќа, Трамп нагласи дека Вашингтон обезбедил оружје и воена опрема во вредност од стотици милијарди долари, оценувајќи дека станува збор за „најдобрата опрема во светот“.

„Да не беше нашата војска и нашата опрема, Украина денес немаше да може да се бори за својот опстанок. Без тоа, тие немаше да издржат ниту еден ден или два“, изјави Трамп.

Тој потсети и на испораката на противтенковските системи „Џавелин“ за време на неговиот прв претседателски мандат, посочувајќи дека токму тие одиграле значајна улога во одбраната од руските тенковски колони.

„Обама ви даде чаршафи, а Трамп ви даде едно од најдеструктивните оружја“, рече американскиот претседател, осврнувајќи се на критиките кон претходната американска администрација.

Во меѓувреме, Претставничкиот дом на американскиот Конгрес усвои закон со кој се обезбедува нов пакет поддршка за Украина, вклучувајќи воена помош, средства за обнова на земјата и дополнителни санкции против Русија.

Американскиот државен секретар Марко Рубио најави дека наскоро се очекува и официјално соопштение за нов пакет воена помош за Киев во вредност од околу 400 милиони долари, кој веќе добил поддршка во Конгресот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран