УТРО.мк

Професор пријавен за физички напад врз ученичка

Професор пријавен за физички напад врз ученичка
Vero

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против З.С. (68) од кичевското село Другово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“ по член 201 од Кривичниот законик.

Според полицијата, инцидентот се случил додека тој извршувал работни задачи како професор во едно средно училиште во Кичево, при што физички нападнал малолетна ученичка во училишните простории.

Од нападот, ученичката се здобила со телесни повреди, кои биле констатирани во Општата болница во Кичево.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран