УТРО.мк

Украдени маси и столови од угостителски објект во Куманово

Украдени маси и столови од угостителски објект во Куманово
Vero

На 04.06.2026 година, во периодот од 11:00 до 13:00 часот, во СВР Куманово бил извршен службен разговор со Е.Љ. (22), В.Б. (19), Љ.А. (23) и 17-годишник, сите од Куманово, поради сомнение за кражба од угостителски објект.

Според полицијата, тие се сомничат дека со употреба на сила влегле во угостителски објект на улица „Гоце Делчев“ во Куманово, од каде одзеле поголем број маси и столови.

Во службениот разговор, сите четворица го признале делото, соопштија надлежните.

Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран