УТРО.мк

„Македонијатурист“ го презема управувањето со хотел „Русија“ во Аеродром

„Македонијатурист“ го презема управувањето со хотел „Русија“ во Аеродром
Vero

Хотелско-угостителската компанија „Македонијатурист“ го презема управувањето со хотелот „Русија“, кој се наоѓа во близина на спортскиот центар „Јане Сандански“ во скопската општина Аеродром, дознава „Фактор“.

Според информациите, акционерското друштво кое управува со неколку познати хотели во земјата, веќе регистрирало подружница на адресата на хотелот, кој првично беше изграден од рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко во 2014 година.

Објектот во последниот период бил затворен и не функционирал, односно не примал гости, како што беше пренесувано во дел од медиумските извештаи.

Во меѓувреме, „Македонијатурист“ претрпе промени во сопственичката и акционерската структура, а компанијата во својот портфолио ги вклучува и хотелите „Холидеј Ин“, „Белви“, „Карпош“, „Турист“, како и неактивните „Бристол“, „Јадран“ и „Водно“.

Хотел „Русија“ формално е воден како подружница во сопственост на Спортскиот центар „Јане Сандански“ ДООЕЛ, односно поврзан со Марија Самсоненко.

Финансиските податоци покажуваат дека во последната година биле евидентирани 45 вработувања, но компанијата продолжила да работи со загуба. Приходите изнесувале нешто над еден милион евра, додека загубата се проценува на околу половина милион евра, со паричен влог од 13,5 милиони евра.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран