
Денес на седница на Советот на Општина Тетово беа донесени две значајни одлуки кои, како што истакна советникот Ангел Карапетров од ВМРО-ДПМНЕ, директно ќе придонесат за подобрување на условите за живот и развој во градот.
Првата одлука се однесува на еднократна финансиска поддршка за секое прваче во износ од 6.150 денари, мерка со која, според Карапетров, се овозможува полесен и поддржан почеток на новата учебна година за најмладите ученици и нивните семејства.
Втората одлука предвидува реконструкција на паркот кај Музичкото училиште во Тетово, со што, како што беше посочено, овој јавен простор ќе добие нов, помодерен изглед и подобрени услови за рекреација на граѓаните, особено на децата и младите.
Од Советот порачаа дека продолжуваат со политики и проекти насочени кон унапредување на урбаната средина и квалитетот на живот во Тетово.















