Доналд Трамп ја обвини Демократската партија за блокадата на американската влада, велејќи дека републиканците „скоро едногласно“ гласаат за нејзино завршување, додека демократите тоа го спречуваат. „Овие луѓе се лудаци кои го изгубија компасот“, изјави Трамп за „CBS News“.
Тој порача дека е подготвен да седне со демократите и да најдат решение, но дека нема повторно да попушти како во 2019 година, кога 35-дневната блокада заврши со компромис во Белата куќа.
Обвинувајќи ги демократите дека „нешто не е во ред со нив“, Трамп изрази уверување дека тие на крај ќе отстапат и ќе гласаат за продолжување на работата на владата.
Говорејќи за законот „Обамакер“, Трамп оцени дека здравствениот систем е „лош и прескап“ и дека би можел да се подобри со двопартиска соработка.
Блокадата на владата трае веќе еден месец, а можно е да го надмине рекордот од 35 дена, бидејќи демократите бараат продолжување на државните субвенции за над 20 милиони Американци што го користат „Обамакер“.































