
Словачкиот министер за одбрана, Роберт Калињак, јасно го постави ставот на својата земја за иднината на европската безбедност. Во интервју за TASR, тој потенцира дека заедничката одбрана на Европа не треба да се одвива под два командни центра, туку исклучиво под НАТО, бидејќи, според него, две паралелни команди не можат ефикасно да обезбедат безбедност.
„Европската унија не треба да се меша во воените операции. Северноатлантскиот договор мора да има целосна контрола“, рече Калињак, нагласувајќи дека потенцијалната европска армија би била „јасен федерализирачки чекор“ што некои земји можат да го сметаат за проблематичен. „Или сме во НАТО и тогаш не ни треба, или сме само европска иницијатива“, додаде тој.
Во однос на Украина, министерот беше дециден: таа никогаш нема да стане членка на НАТО и ќе се соочи со сериозни пречки за приклучување кон Европската унија. Калињак го критикуваше и делувањето на земјите што ја поддржуваат Украина во рамките на таканаречената „Коалиција на волјата“. „Не испратија војници. Во 2022 година Украина имаше реална шанса да ја заврши војната, но тоа не се случи“, подвлече тој.



























