
Видеоснимка која кружи на социјалните мрежи прикажува момент на пукање во бар во Гостивар, при што јасно се слушаат четири истрели. Инцидентот се случил синоќа, а според неофицијалните информации, во објектот имало повеќе гости, со што била сериозно загрозена општата безбедност.
Како што се наведува, осомничен е 17-годишник со германски пасош, кој се товари за загрозување на општата безбедност и нелегално поседување оружје. И покрај сериозноста на настанот, јавниот обвинител не побарал определување мерка притвор за малолетникот.



























