
Двегодишно дете утрово почина на скопските клиники, по сериозни повреди кои ги здоби за време на новогодишната ноќ. Според првичните информации, детето било погодено од заталкан куршум додека набљудувало огномет.
Повредата го принудила детето првично да биде згрижено во Градската општа болница, но поради тешката состојба итно било префрлено на Клиниката за детска хирургија. Лекарите констатирале масивно крварење во мозокот, при што биле зафатени сите мозочни комори. И покрај максималната медицинска грижа и постојаното следење, детето не успеало да преживее.
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, го оцени инцидентот како еден од најтешките за време на новогодишната ноќ. Тој информира дека повредата е предизвикана од метален фрагмент и дека сите детали околу настанот се предмет на истрага.



























