УТРО.мк

Градоначалникот Менди Ќура го честита првото бебе на Струга за 2026 година со посета кај мајката

Градоначалникот Менди Ќура го честита првото бебе на Струга за 2026 година со посета кај мајката
Vero

Струга денеска доби посебен повод за радост – првото бебе родено во градот оваа година, малата Надја, беше посетена од градоначалникот Менди Ќура и неговиот тим. Девојчето се роди со импресивни 4.210 грама и во одлична здравствена состојба, заедно со својата мајка Милица, за која ова е трето дете.

Градоначалникот ја искористи посетата за да им упати искрени честитки и најдобри желби за здравје и среќа, посакувајќи ѝ бериќетно и радосно детство на малата Надја, како и многу љубов и топлина во семејниот дом.

„Овој радосен настан носи посебна симболика – е нов почеток за целото семејство, но и за нашата заедница. Со секое новороденче, Струга добива надеж и свежа енергија“, истакна градоначалникот Ќура.

Посебна благодарност беше упатена до директорот Бунчески и целиот тим на Гинеколошко-акушерското одделение, чија посветеност и професионализам, дури и по целоноќно дежурство, донесоа насмевки и топло добредојде за мајката и бебето.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран