УТРО.мк

Расте трендот на дигитално плаќање меѓу македонските граѓани

Расте трендот на дигитално плаќање меѓу македонските граѓани
Vero
telefon
telefon

Платежниот промет во земјава продолжува да добива на интензитет, а податоците за третиот квартал од 2025 година јасно покажуваат дека дигиталните плаќања стануваат доминантен избор кај граѓаните и компаниите. Според Народната банка, растат и обемот и вредноста на трансакциите, што е уште една потврда за забрзаната дигитализација на финансиските услуги.

Кредитните трансфери бележат значително засилена динамика – бројот на вакви плаќања е поголем за 7 проценти во однос на истиот период лани, додека нивната вкупна вредност е зголемена за 15,3 проценти. Ова укажува не само на поголема фреквенција на плаќањата, туку и на повисоки износи по трансакција.

Особено впечатлив е растот кај електронските плаќања. Трансакциите реализирани преку дигитални канали пораснале за 19 проценти по број и за дури 29,3 проценти по вредност на годишно ниво. Мобилното банкарство се наметнува како клучен двигател на овој тренд – речиси три четвртини, односно 71,8 проценти од сите електронски иницирани плаќања, се извршени преку мобилни апликации.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран