
Пет лица од Скопје биле приведени за време на новогодишната ноќ поради агресивно однесување во здравствена установа на подрачјето на скопски Центар, како и поради нарушување на јавниот ред и мир и непочитување на полициски службеници.
Како што информираат од СВР Скопје, на 1 јануари 2026 година во 00:20 часот, полициски службеници ги лишиле од слобода Е.М. (37), Н.С. (40), А.М. (37), Е.Р. (29) и М.А. (26), сите од Скопје. Приведувањето било извршено по претходна пријава дека лицата се однесувале агресивно во здравствена установа, а подоцна и кон полициските службеници кои интервенирале на местото на настанот.

























